Прва меѓународна конференција по Арт и Креативна Терапија во Македонија
17–18 октомври 2026
Национална библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје
Почеток: 09 часот – 17.30 (17ти Октомври)
09.30 ч. – 19 ч. (18ти Октомври)
Со особено задоволство Ве покануваме да бидете дел од Првата меѓународна конференција по арт терапија во Македонија – настан кој за првпат ќе ги обедини домашните и меѓународните професионалци од областа на арт терапијата, креативните терапии, психологијата, психотерапијата, образованието, здравството и сродните професии.
Во текот на два инспиративни дена, конференцијата ќе понуди простор за размена на знаења, современи истражувања, професионални искуства и креативни практики, поттикнувајќи дијалог, соработка и развој на полето на арт терапијата на национално и меѓународно ниво.


Ги покануваме сите психолози, психотерапевти, арт терапевти, креативни терапевти, лекари, здравствени работници, педагози, едукатори, социјални работници, студенти, истражувачи, уметници и сите заинтересирани за менталното здравје, креативноста и терапевтската моќ на уметноста да ни се придружат како учесници на конференцијата.
Котизација:
3400 денари до 30ти Септември
4500 денари по 30ти СептемвриКотизацијата вклучува:
- Пристап до сите пленарни предавања;
- Присуство на стручни презентации и постер-сесии;
- Учество на работилници (во согласност со капацитетот и начинот на регистрација);
- Учество во панел-дискусии;
- Конференциски материјали;
- Сертификат за учество;
- Изработките од конференцијата си остануваат за Вас;
- Кафе-паузи, топла закуска и можности за професионално вмрежување
Податоци за уплата ќе добиете на емаил адреса по пријавувањето.
Ве молиме внимателно да ги пополните сите задолжителни полиња. По успешно поднесување на пријавата, ќе добиете потврда на Вашата е-пошта, како и дополнителни информации за котизацијата, програмата и организацијата на конференцијата.
Со нетрпение очекуваме да Ве пречекаме во Скопје и заедно да создадеме простор за нови знаења, инспиративни средби, професионална соработка и развој на арт терапијата.
Ви благодариме што ќе бидете дел од ова историско прво издание и што со Вашето присуство ќе придонесете кон градењето на една нова професионална традиција во Македонија.