Гешталт Арт Терапија – ГАТ Терапи е основана 2021, како проект на Си Би Ес Консалтинг и член на Моди Центар Скопје.
Тимот на ГАТ терапи се состои од два психолози и советувачи ентузијасти во својата работа.
Цветанка Бурзевска
лиценциран Психолог, Европски Сертифициран Гешталт Психотерапевт, Арт Терапевт, сертифициран животен тренер, ЕФТ сертифициран практичар, Mindfulness сертифициран практичар и практичар по Колор Терапија.
13 годишно искуство како психолог, ментор, организатор на работилници. Советник за кариера и HR Generalist.
Ко-основач на Моди Центар Скопје.
Основач на Гешталт Арт Терапија (ГАТ Терапи).
Affiliate Активен и истакнат член на ЕФАТ (Европска Федерација на Арт Терапевти), член на Комитетот за Комуникации, одговорна за денови на Арт Терапија во Европа.
Автор на методот Сеќавања – Гешталтистичко-уметнички пристап
Автор на 21 Дневен предизвик со Гешталт Арт терапија и Психолошки планер.
Professional член на IEATA ( International Expressive Arts Therapies Association )
Говорник на јавни трибини, обучувач за лидерски вештини и спроведувач и потпишувач на прирачници и програми за ментално здравје.


Наташа Ивановска
Лиценциран Психолог, сертифициран Психотерапевт и Советувач. Член на Комора на Психолози на РМ.
Ко-Основач на Моди Центар и основач на Прашај Психолог.
Креатор на содржини, работилници и прирачници од областа на менталното здравје.
Соработник на ГАТ Терапи.
Креатор на програми за личен раст и развој со Гешталт психотерапија.