ПРВ Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија
ПРВ Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија

ПРВ Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија

Изминатава недела на 09.06.2025 се оддржа Првиот Интернационален Филм Фестивал за Арт Терапија на Светско ниво. Македонија, заедно со уште 7 држави и 4 континенти , вкупно 33 држави од цел свет, е дел од ова глобално заедничко гледање на филмови – документци за уметноста и психологијата.

Единствени на Балканот и во регионот кои беа дел од AIHFF 2025

Благодарност до СиБиЕс Академија и Гешталт Арт Терапија како главни покровители и спонзори, на овој настан и овозможија проектирање на 13 филмови.

Фестивалот е во Организација на Терапевтите за експресивни уметности Мери Андрус DAT, LPC, LCAT, ATCS, Закари Д. Ван Ден Берг MA, LPC, ATR-BC, и Џуди Рубин PhD, ATR-BC, HLM – пионерска фигура во уметничката терапија и оригинален документарист во областа – AIHFF кој се оддржува во Портланд, САД е единствено позициониран и длабоко посветен на прикажување моќни приказни што ја осветлуваат трансформативната улога на уметноста, музиката, танцот, драмата, раскажувањето приказни, експресивната терапија и другите креативни модалитети во терапевтските услови ширум светот.

Огромна Благодарност до колегите и панелисти кои вчера дадоа дел од своето знаење за креативноста, менталното здравје, и филмот како терапија – Ана ЧучковаPh.D. AnaChuchkova , Горан Стојчетовиќ – Centar za dubinsku umetnost / Center for Depth Art и г-дин Митко Панов, режисер и сценарист , поранешен професор за режија и продукција на Универзитетот во ЊуЈорк. Без нив, немаше да биде ништо од тоа што е замислено.

Благодарност на поддршката од колегите и од присутните што одвоија вчера вечер време да дојдат и заедно да погледнеме дел од 13те филмови.

Благодарност до @dnevna.eventcenter едно ново и убаво место во градот лоцирано во Т.Ц. Олимпико – Тафталиџе, н.Карпош.

Благодарност до PetrovwineryАлександар Бацка и неговите Булка, Рујно и Македонка, прекрасни вина на кои никој не остана рамнодушен и се потрошија брзо 🙂

И за крај, иако беше “мал“ настан, сепак еден толку голем и значаен за нас и за Македонија, Се надевам наредна година, ќе си го добие метото кое го заслужува и ќе биде препознает и многу попосетен.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *