На 02.09-03.09.2023 во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, се оддржа Втората глобална женска лидерска конференција „Јас сум Жена”.
Меѓу панелистиките учеснички на конференцијата, се слушнаа животните предизвици и успеси на 12 Македонки од земјава и светот, преку четири одделни панел-дискусии. Јасмина Атанасова Симјаноска, прв дипломиран оџачар во Македонија, Дарија Андовска наш светски познат композитор, Симона Живковска, актерка која работи и во Англија, Стефанија Гаштарска, македонска балерина во Русија, Билјана Јуруковски, фотографка која рабити во Африка и Австралија, се само дел од панелистките чии импресивни биографии претставени на конференцијата се гордост за македонската држава.
На 03.09 Гешталт Арт Терапија и психологот/психотерапевт Цветанка Бурзевска, оддржа двочасовна работилница на тема „цртаме во 7/8 такт“ заедно со музика во живо – клавинола Ева Китрозоска, флејта Елена Андрееска и вокал Мила. Се слушаше и уживаше во звуците на македонската музика а целта на работилницата беше да го ставиме фокусот малку повеќе на слухот, допирот, мирисот. Ние ги гледаме работите но понекогаш не ги слушаме и ги толкуваме онака како што сме ги виделе а не сме послушале.
Благодарност до организацијата и до учесничките за укажаната доверба. До следна дружба!








