Гешталт Арт терапија на Втората Женска Лидерска Конференција „ЈАС СУМ ЖЕНА“
Гешталт Арт терапија на Втората Женска Лидерска Конференција „ЈАС СУМ ЖЕНА“

Гешталт Арт терапија на Втората Женска Лидерска Конференција „ЈАС СУМ ЖЕНА“

На 02.09-03.09.2023 во Центарот за  култура „Григор Прличев“ – Охрид, се оддржа Втората глобална женска лидерска конференција „Јас сум Жена”.

Меѓу панелистиките учеснички на конференцијата, се слушнаа животните предизвици и успеси на 12 Македонки од земјава и светот, преку четири одделни панел-дискусии. Јасмина Атанасова Симјаноска, прв дипломиран оџачар во Македонија, Дарија Андовска наш светски познат композитор, Симона Живковска, актерка која работи и во Англија, Стефанија Гаштарска, македонска балерина во Русија, Билјана Јуруковски, фотографка која рабити во Африка и Австралија, се само дел од панелистките чии импресивни биографии претставени на конференцијата се гордост за македонската држава.

На 03.09 Гешталт Арт Терапија и психологот/психотерапевт Цветанка Бурзевска, оддржа двочасовна работилница на тема „цртаме во 7/8 такт“ заедно со музика во живо – клавинола Ева Китрозоска, флејта Елена Андрееска и вокал Мила. Се слушаше и уживаше во звуците на македонската музика а целта на работилницата беше да го ставиме фокусот малку повеќе на слухот, допирот, мирисот. Ние ги гледаме работите но понекогаш не ги слушаме и ги толкуваме онака како што сме ги виделе а не сме послушале.

Благодарност до организацијата и до учесничките за укажаната доверба. До следна дружба!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *